Го слушаш секој удар на срце мава инфаркт
преживуваш си нов човек ко животен рестарт
но факт слушаш пискот штом во плеер е дискот
си ниско ист со исход капки крв на листот
крвна слика писна чим плисна крв во плуќа
на список за врисок на близок смрт во куќа
си слуга на над тебе висната рака туѓа
си врзан на пруга воз иде прича друга
околу кружат демони на смрт што служат
седнат во судница за туѓа смрт те тужат
гилота судат,ѓаволски договор нудат
мисли со сеќавања кои солзи ти будат
крв плукаш за себе куршум чуваш
самоубиство сакаш димот со болка дуваш
пробуваш не пукаш чукаш по гради
се рушат цели згради околу гробница на млади
се ежам се е језиво
нема светло место се е темно и сомнително
ми мириса на земја
неќам да бидам следна жртва се надам на задња молитва х2
Само спомен од убиството на твоите
последен момент на жалост па спомени броите
последен помен црнило до тебе гроб
на се се сеќаваш уште на тага си роб
па пука топ во војна милиони мртви
секад е непроменето фамилии на жртви
за исмевање сте први но сега сте оплакани
доле испратени,исплатени со крв пропратени
се расклатени сите црни чувства
немаш никој до тебе сега ти си пуст да
секој пушта дур дојде нож на гуша
броиш секунди крик низ тишина слушаш
се ежам се е језиво
нема светло место се е темно и сомнително
ми мириса на земја
неќам да бидам следна жртва се надам на задња молитва х2
Вртат убијци за пари останат последен куршум
не слушаш [чк-чк] слушаш само пригушен шум
се на ум другари,фамилијата на коцка
осеќаш полека се гледаш крв на плочка
се осеќаш заробен во крвава просторија
друг одлучува за твојата животна сторија
речено е играш ти за живот
останува само спомен и мирис на мртво ткиво
се ставено на игра стално е се или ништо
завршуваш ко победник или како вишок
се качува притисок крај на руски рулет
слушна [бум] го напушташ ти овој свет
се ежам се е језиво
нема светло место се е темно и сомнително
ми мириса на земја
неќам да бидам следна жртва се надам на задња молитва х2
Продуцирана(инструментал,снимање вокали и мастеринг) од MackA RecordzzZ(
www.myspace.com/mackarecordzzz)
Текстот од мене,HorroR(
www.myspace.com/filjoz), со гостување од AceNL на рефрен(
www.myspace.com/acenl)
Инаку прва моја трака,чекам коментари
Траката ја има на:
www.myspace.com/filjoz