Прво, еден поздрав од мене до Ќуринот... Еве еден коментар од мене по подолго време, како и секогаш искрен:
Ќурин свака ти част за текстот, како и секогаш безпрекорен. Ќе чекам да ја ставиш тука траката па да ја чујам. Од она што го прочитав, познавајќи го твоето квалитетно флоѕу, мислам дека ова е одлична трака, како и секогаш underground, хардкор, текстот полн со гнев, насочен кон комерцијалата. Не знам дали станува за подинамичко рецитирање, чекам да чујам, за да знам дали е ова она што го ветуваше од страна на динамика. Уникатен начин на римување, добра вештина, што ја искажуваш во секој нареден текст, се повеќе и повеќе.
Сега морам малку да скршнам од темава, модераторите и администраторите нека извинат за ова:
DjMakko Напиша:
nyx Шо се смејш бе слепец еден добро си прашав дали може да го земам..
аа шо мислиш ти шо ако го земам а да незнае...добро е?
Дечак, од коментарите што ги прочитав до сега, прво и основно, не си запознат со правилата за однесување на овој форум. nyx е модератор, а ти го навредуваш??

... Прво и основно НЕ СМЕЕШ никого да вреѓаш. Втора работа, поврзана со nyx: Му ги немаш ни годините ни искуството за да му се обратиш него лично, па камо ли да го наречеш "слепец". Треба да си му другар за да го правиш тоа.. А колку што гледам не си му тоа.. Не си му ништо...
Трета работа: Ова а форум за underground hardcore рап. Тука нема место за комерцијала. Ако тоа го бараш, оди кај артисти кои прават рап за пари, па барај од нив такво срање. Ова ти го велам, затоа што доколку некој друг ти ги пишува текстовите, тоа тебе те прави комерцијала од одреден аспект (овој збор означува гледна точка).
DjMakko Напиша:
Само Аматерите Си Пишат Сами Текстови..А јас не сум аматер....
Кого го имаш видено од познативе рап пејачи сам да пише текст?
Со твојата прва реченица во ова мислење, ги навредуваш СИТЕ членови на овој форум, кои снимаат рап, затоа што СИТЕ членови на форумов кои го прават тоа, САМИ СИ ГИ ПИШУВААТ ТЕКСТОВИТЕ. Да го наречеш некој аматер, кој се труди да направи нешто СВОЕ, да каже СВОЕ мислење, е прво - невкусно, второ - неучтиво, трето - ПОКАЖУВАШ НЕПОЧИТУВАЊЕ. Еве ти еден
линк (кликни на темно-портокаловите букви) па да прочиташ нешто во врска со овој форум. Тоа најдоле со
ГОЛЕМИ ЦРВЕНИ букви е најважно од се.
Цитат:
15 год имам.Рап слушам од 7 год слушам секаков рап но највеке ми се допаѓа и највише слушам ганг рап и андерграунд рап
За 7 години активно слушање рап, следење на сцената, присуство на промоции на албуми, видеа, журки, дружење со луѓе кои слушаат underground рап, немаш никакво познавање од ПОИМОТ "рап", а за хип-хоп не сакам ни да спомнам. По првата година помината во слушање рап, знаев кои артисти каков стил на рап прават, која е нивната филозофија, идеологија и слично... Да не навлегувам. Очигледно е дека не си слушал рап од 7 години и исто толку, од проста причина што, ако е така, нема да го изјавиш ова:
DjMakko Напиша:
Врска си немате шо е рап.. и несакам повече за ова..кавги..Лок
Gangsta раперите, посебно тие, сами си ги пишуваат текстовите... А зошто е тоа така? Почни од Dj Cool-Herc, Africa Bambaataa, KRS-One, па заврши со Nas, 2Pac, Notorious B.I.G., The Outlawz, Fat Joe, Big Pun и така натаму, па се до 50 Cent, ќе сфатиш сам.
Мој совет до тебе DjMakko: Порасни, слушај рап уште повеќе, гледај на МТВ1 една емисија ја водат двајца познати луѓе на рап сцената во Македонија, за кои не знаеш, за да дојдеш на ниво на ДОСОТЕН член на форумов.
Поздрав.
П.С.
Уште еднаш извинете за должината на ова мислење, едноставно се исфрустрирав од малиот.