Коа никој не го глеа у Freestyle тема ќе го стаам тука....Повелете давајте мислења...
[align=center]И еве сега ново мое издание,
рокам достојно на мајкот ве молам за внимание,
стихов адекватен,
но дали ќе биде сфатен,
се додека пишувам на листов во мене гори светол пламен,
рапот го чувам во срце и го бранам со честа,
вештината моја ја одзема свеста,
ви давам во стихов сатисфакција,
доминантен во оваа хип-хоп акција,
овие бели страници се посветени на рапот,
затоа што неговата чистина и сила ќе останат до крајот,
културата нема никогаш да умре,
но животот е тежок, останува само надеж за подобро утре,
па започни - создај ја својата иднина,
но тешко е кога си осамен на празна бина,
биди Ти - одраз на сопственато ЈАС,
твојот став ќе биде чуен само викни на глас,
биди горд на тоа што го гледаш во сопствениот одраз.
Не можеш да создадеш дела без свест,
стои зад својот збор имај чест,
не попуштај ни пред најтежок тест,
во тешките моменти остај срцето нека те води,
колку и да е тешко пробај преброди,
па отпочеток пренови,
секој ден носи предизвици нови,
јас улицата ја сфатив како радост на животов,
беше единствена светла точка во секојдневното сивило,
но сфатив дека само небото е граница,
нови чувства на секоја нова страница,
но тешко е секој ден да се бориш за капка среќа,
убавиот живот остана само мечта,
затоа живеј го својот живот - дари љубов и насмевка,
не дозволувај никој да те повреди бидејќи душата е кревка...
Секој текст - нова сага,
бо животов ништо освен тага,
се што гледаш е само обична лага,
секој ден е исто пак,
лажен акт,
секоја постапка знае да те извади од такт,
труди сењ да успееш во светов мрачен,
секој втор човек сака да те заебе, секој е алчен,
сакаш моќ, сакашуспех, сакаш пари...
но пак си сиромашен кога немаш вистински другари,
секој сака да дава малку, а што повеќе да зима,
секој лицемер во главата темни мисли има,
секој гледа да повреди, да упати навреда,
надежта се губи кога живееш во беда,
но луѓето не сфаќаат изгледа им треба превод,
државата полека ни го празни џебот,
немаат ни 2 грама ум,
лечат комплекси на форум,
и после сево ова сфаќаш нема излез од оваа бездна,
реалноста не е лесна...но се прашувам и јас - до кој ли ќе допре оваа песна...
во душата имам свет храм,
се борам за она што го сакам но не чекорам сам....[/align]
Се решив да испразнам емоции...