Сега е точно : Maј 12th, 2025, 10:33 pm

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]




Испрати нова тема Одговори на тема  [ � теми ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењето: Легијата-Свеста на непријателот
ТемаИспратено: Декември 15th, 2008, 2:27 pm 
Отсутен

Регистриран: Октомври 14th, 2008, 5:41 pm
Мислења: 41
Локација: Скопје
ЛД Пистолеро Вака стои ситуација на нозе цела нација
во воздух раце рација со друго име прљава полиција
за деца гладни бар донација во станица
поради ништо главно прекршок и сето тоа скришно
има штампа ама нема доволно афери
новинари вадат јадење од туѓи фрижидери
не ми сери луѓе живеат од контињери
вие градите карактери еден ден пред избори
од детски извори на влада дознавам
никој не е тој што некад бил дури ни јас не се препознавам срам
ти си заборавил да да знам затоа умирам сам
живот најниски стандарди невработеност
стилов шака железо па него тужи го
каматна стапка висока ко падини на Шапка
најдобро во место тапкам зашто ако тргнам ќе ме запрат.

Реф Во ова општество слепо ние го имаме лекот
овој ритам е светот за се што зборам во него
дај да го скршиме ледот пчели се борат за медот
ние за вашиот живот има ли среќа во него. *2

Џака Во светов не постојат чувства но треба да возвратам
да се борам за се што сакам и познавам
нов поредок се создава ти крвари ноздрава
од кристализирани сништа нус појава во потсвеста
прва не последна од кај што можам ќе посегнам
да поздравам другари надвор од решетка проклета
со системот веќе се пресметав ние сме мањак
како и да играме куќата победува
искован од асфалт што станал збор во калта
како нуклеарна закана очи вперени со револт
не за власта и кешот туку за дупка во мевот
сите молчат пред бедот што црни небо над него
што зема жртви за пленот што нема доста за светот
остава премолчен терор три шестки на ѕверот
јас создавам постојан вентил и го испуштам бесот
но ти би одбрал да уништиш се што е вредно.

Реф Во ова општество слепо ние го имаме лекот
овој ритам е светот за се што зборам во него
дај да го скршиме ледот пчели се борат за медот
ние за вашиот живот има ли среќа во него. *2

Таз Кога се будиш во утрото го плакнеш лицето
се гледаш во огледалото веќе не е истото
проблемите се се поголеми секоја брчка збори за нив
ти текнува на младоста а го губиш својот здив
каде ли згрешивме кого ли гласавме
за кого знаме веевме ти текнува песни пеевме
се вративме на почетокот ставивме ајкули на власт
за корката да биде мека ја топиме во свинска маст
а децата се празни малиот сака нови фармерки
стигна до студии нема пари за сите давачки
излагаш од дома како да излагаш од кожа
и здраво комшија го нема како порано
погледот ги гребе скалите
како да сакавме болка пополека да крвариме
останати без надежи секој со сопствени интереси
одиме напред или сам одиш ли
а каде тебе те прашувам ликот зад фотелјата
ако ја знаеш болката дали ја сакаш истата.


Реф Во ова општество слепо ние го имаме лекот
овој ритам е светот за се што зборам во него
дај да го скршиме ледот пчели се борат за медот
ние за вашиот живот има ли среќа во него. *4

Една Љубов луѓе, една љубов.


_________________
Извинете вистината боли а пак ништо не ви значи, ја утнавте патеката на љубовта и доброто и покрај сите знаци, побарајте прошка на крајот Бог ќе ви прости, ништо не добивате ако на добри зборови возвраќате со пцости.


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Декември 16th, 2008, 3:28 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Авдуст 30th, 2007, 5:49 am
Мислења: 1196
Интересна трака.

_________________
I’m tired of people judging what’s real Hip Hop.


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Декември 16th, 2008, 7:28 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Ноември 2nd, 2008, 2:15 pm
Мислења: 448
еј кине кине КИНЕ :) напињам :lol: поздрав 1Л

_________________
myspace.com/absolus


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Декември 16th, 2008, 10:39 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Септември 10th, 2008, 4:19 pm
Мислења: 523
Локација: Скопје
Супер текст ама неможам да слушнам како звучи пошто ја неам траката.


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Декември 17th, 2008, 12:45 pm 
Отсутен

Регистриран: Октомври 14th, 2008, 5:41 pm
Мислења: 41
Локација: Скопје
MC Shuriken Напиша:
Супер текст ама неможам да слушнам како звучи пошто ја неам траката.

Нема гајле бе друже. Еве повели линк па слушни и оцени http://au.youtube.com/watch?v=eZ4NiltZe-s
Позз

_________________
Извинете вистината боли а пак ништо не ви значи, ја утнавте патеката на љубовта и доброто и покрај сите знаци, побарајте прошка на крајот Бог ќе ви прости, ништо не добивате ако на добри зборови возвраќате со пцости.


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Декември 17th, 2008, 1:23 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Септември 10th, 2008, 4:19 pm
Мислења: 523
Локација: Скопје
Фала многу за линкот брат.Ја симнав песната супер е.Респект за Легијата!


Кон врв
 Профил  
 
Покажи постара тема:  Сортирај по  
Испрати нова тема Одговори на тема  [ � теми ] 

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: Нема регистрирани членови and 4 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди до:  
Copyright © 2004-2023 Македонски Рап