ЛД Пистолеро Вака стои ситуација на нозе цела нација
во воздух раце рација со друго име прљава полиција
за деца гладни бар донација во станица
поради ништо главно прекршок и сето тоа скришно
има штампа ама нема доволно афери
новинари вадат јадење од туѓи фрижидери
не ми сери луѓе живеат од контињери
вие градите карактери еден ден пред избори
од детски извори на влада дознавам
никој не е тој што некад бил дури ни јас не се препознавам срам
ти си заборавил да да знам затоа умирам сам
живот најниски стандарди невработеност
стилов шака железо па него тужи го
каматна стапка висока ко падини на Шапка
најдобро во место тапкам зашто ако тргнам ќе ме запрат.
Реф Во ова општество слепо ние го имаме лекот
овој ритам е светот за се што зборам во него
дај да го скршиме ледот пчели се борат за медот
ние за вашиот живот има ли среќа во него. *2
Џака Во светов не постојат чувства но треба да возвратам
да се борам за се што сакам и познавам
нов поредок се создава ти крвари ноздрава
од кристализирани сништа нус појава во потсвеста
прва не последна од кај што можам ќе посегнам
да поздравам другари надвор од решетка проклета
со системот веќе се пресметав ние сме мањак
како и да играме куќата победува
искован од асфалт што станал збор во калта
како нуклеарна закана очи вперени со револт
не за власта и кешот туку за дупка во мевот
сите молчат пред бедот што црни небо над него
што зема жртви за пленот што нема доста за светот
остава премолчен терор три шестки на ѕверот
јас создавам постојан вентил и го испуштам бесот
но ти би одбрал да уништиш се што е вредно.
Реф Во ова општество слепо ние го имаме лекот
овој ритам е светот за се што зборам во него
дај да го скршиме ледот пчели се борат за медот
ние за вашиот живот има ли среќа во него. *2
Таз Кога се будиш во утрото го плакнеш лицето
се гледаш во огледалото веќе не е истото
проблемите се се поголеми секоја брчка збори за нив
ти текнува на младоста а го губиш својот здив
каде ли згрешивме кого ли гласавме
за кого знаме веевме ти текнува песни пеевме
се вративме на почетокот ставивме ајкули на власт
за корката да биде мека ја топиме во свинска маст
а децата се празни малиот сака нови фармерки
стигна до студии нема пари за сите давачки
излагаш од дома како да излагаш од кожа
и здраво комшија го нема како порано
погледот ги гребе скалите
како да сакавме болка пополека да крвариме
останати без надежи секој со сопствени интереси
одиме напред или сам одиш ли
а каде тебе те прашувам ликот зад фотелјата
ако ја знаеш болката дали ја сакаш истата.
Реф Во ова општество слепо ние го имаме лекот
овој ритам е светот за се што зборам во него
дај да го скршиме ледот пчели се борат за медот
ние за вашиот живот има ли среќа во него. *4
Една Љубов луѓе, една љубов.