girlll Напиша:
Вуиса јас си кажав искреен добронамерен коментар. Се надевав дека ќе ви помогне да се подобрите, не ми е дојдено мене до карање. Едноставно си кажав мое мислење и мислам дека со тек на време ако се научите пред се да прифаќате секакви коментари и критики ќе ви се подобри и стилот на пишување и скилот. Тоест немав намера да ве навредам или нешто. И не е финтата до напиши боље, ќе напишам али не е тоа тоа. Јас ви кажав за да бидете понатака подобри. Мене текстот ми нема логика не се поклапаат поголем дел од стиховите.. Баш ко само за да има рима пишани ми личат. Али ваша работа. Само глупаво е да се лутите ако се лутите на критика тогаш ич не ја ставајте на форум траката. Неможеш да очекуваш стално да те фалат.
Не знам зошто мислиш дека сме се навредиле или налутиле...напротив.
Викаш "не е до напиши боље, ќе напишам али не е тоа тоа"...ја мислам дека тоа Е тоа...напиши, стави овде за критика, баш би споредил ако сум послаб текстописец или МС од тебе, да знам во која насока да се подобрам. И не само ја и Вуиса, туку повеќе членови на форумов. Само, ти си таа што кажа дека си сакала да снимаш, ама си се откажала за да не се мешаш со џганот кој го расипал рапот во Мк, во кој најверојатно ме ставаш и мене. Да не навлегуваме, заврши и тој муабет, не е за оваа тема. Поентата ми е - нема проблем, твое мислење, вкус, не знам како да го наречам, само, ако си решила да критикуваш како стручно лице, покажи дека знаеш подобро или барем покажи дека си достојна за критика. Ако критикуваш само како публика, ја ти пишав погоре дека се надевам дека еден ден ќе сфатиш што сме сакале да кажеме во песната, затоа што сите што коментираа (а само двајца ме знаат лично, да не помислиш дека ме тапкаат по грб оти ми се другари), сите сфатија некоа поента, сите најдоа нешто добро во песната, освен тебе. Како што реков, не му смета тоа на никого, не може секој да ти ги сфати текстовите или работата воопшто, нели?
Да не ја тупиме offtopic, продолжи да слушаш тоа што мислиш дека е квалитетно, критикувај ако знаеш и пожестоко, од наша страна е, и ќе биде сфатено...
почит
мир!