girlll Напиша:
За кај нас конкретно рапот одамна како да умре. Како што е пишано и во колумната.. Повеќе групи и *емсиња* од слушатели имаме. Не дека нема и сега квалитет. Но воглавном се се понови групи што незнаеме зашто баш се во рапов но ако не сите барем 70% сигурно се за слава и за да станат рап ѕвезди, а останатите претпоставувам зошто се привремено залетани по уличниот живот додека не најдат други и поинакви другарчиња со кој ќе им биде поинтересно па ќе станат да речеме - Трансери, металци, кремци и тн.
Не дека нема квалитет.. Но оној малце квалитет што е се све постари групи и емсиња кој гледаат каква е состојбата кај нас и почнуваат да си одат по свој пат со спотови и слично али не праат више журки толку баш пошто не сакаат да се во ист кош со сите останати рЕпери. А и не заслужуваат всушност.
А тие што праат сега журки се обично нови групички и 90% се како оние што ги наведов погоре. Новоформирани и крајно фејк.
Среќа што има уште по некој вистински рапер да го одржува некако Хип Хопот кај нас, се додека и тие не се одкажат зошто е срамота да се во иста култура со некој што неможе за мал прст да им се фати и им е глупаво да бидат во ист кош ставени. Е тогаш кога тие ќе се одкажат Хип Хопот ќе умре скроз кај нас. Не дека немаме и добри и верни слушатели на рапот. Но Хип Хоп култура ја одржуваат добрите МСиња кој впрочем и се добри слушатели и публиката но да има по чиви журки да оди и да има што да слуша. Само со публика желна за квалитет не се одржува култура.
Да не ја тупам, тоа е тоа што го зборував, тој што е ВИСТИНСКИ - нема да се откаже, тоа и се подразбира под зборот ВИСТИНСКИ, нели? Каков рапер е тој што ќе се откаже поради тоа што конкуренција му е некој што "не може за мал прст да му се фати"??
Друго, не можам јас да кажам дека е срамота да бидам во ист кош со одреден МС, ако публиката го одбере него, а не мене, или ако добие поголема почит од мене меѓу раперите и меѓу публиката...значи, треба да помине време, времето ќе го откаже тој што не треба да биде овде...наша работа (наша, на вистинските - се сметам за вистински рапер, нормално

) е да продолжиме да ја презентираме вистинската вредност на хип хопот, и вистински квалитетниот хип хоп, па тој што ќе разбере, ќе знае што е и како...а тој што нема намера да сфати, јебига, ќе оди на тони зен ќе му мавта со рачињата...
значи, тој што ќе се откаже (зборувам од причина - аеее уште ли да се глупирам со децата - а не од некоја недај боже сериозна причина - здравствена или некоја друга) не е вистински, нели?
наше е да претставиме, на публиката е да одбере, а за сето тоа да оди синхронизирано - ние да претставуваме, а публиката да прифаќа, не мора да значи дека треба да се комерцијализираме, туку дека треба да се надградиме, т.е. да пораснеме во квалитетен смисол...трето нема
почит
мир!