Да се објасни е тешко брате
погледот од внатре
и да бидам запрен целта
јас ја гледам пак да бидам напред.
Зошто? Јас сум само пиун? Не!
Станав на срања имун!
Иднина пред себе гледам
само со бистар ум!
Поетски сум поставен и
во очи веќе немам солзи,
прашања без одговор,
земено е се без обзир.
Стопив страв, добив став
гледаш дека разбирам?
А мислите се длабоки ко
збор во книга заскитан.
Без маски да се видат лицата
сите се ужац прав,
а сакаш да ме пробаш?
Дојди јас нема да избегам!
А што правам, го дисам
начинот на животот
одговорот се крие во
моралот на човекот!
И сакаш новост?
Имам лојалност кон
лојалните кон мене
за другите јас имам ПРСТ
и НЕ ги ставам во себе!
И знаеш што? Тој сум јас!
Човек со душа, а
мојов збор излага надвор
ако не до ковчег, СЛУШНА???
РЕФрен Х2
Можеш да ме заробиш мене на терен пример смисли,
ако мислиш ти си појак бе пораз ти грешиш мисли!
А на работи исти, кога си нервозен писни,
ова е поттик не против за нашите слободни мисли!
Па ломотам? Имам на
говорот слобода,
а тоа тешко што ми е?
Јас ќе пробам да го поразам.
А живот тема досадна,
дешавка, беља пролазна,
моменти, лузни врежани во
срце така пораснав.
Дораснат уште не сум
за некои работи сеуште
но научив да делам брате
јас луѓе од не луѓе!
Моите мисли се слободни
иако е тоа терет па
уште милион закони
ставот нема да биде сменет.
Добив утеха од мојот разум
сватив дека сам сум.
А моите домашни се најважни
за другите збогум.
Па кругот се стесни
зачто станавме свесни
а да се искажам и
излезот го гледам преку песни!
И пред крајот, мислите се
тие што ме прават богат!
Немам мисли слободни?
Па јас сум кретен тогаш!
А во кратки црти кажав се!
Тоа е од мој аспект!
Моите мисли слободни,
НЕМА ЗАБРАНА НИ ЛЕК!
РЕфрен Х4
МожеШ да ме заробиш мене на терен пример смисли,
ако мислиш ти си појак без пораз ти грешиш мисли!
А на работи исти, кога си нервозен писни
ова е поттик не против ЗА НАШИТЕ СЛОБОДНИ МИСЛИ!!!