Сега е точно : Maј 12th, 2025, 1:45 pm

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]




Испрати нова тема Одговори на тема  [ � теми ]  Оди на страна Предходна  1, 2, 3
Автор Порака
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Декември 8th, 2008, 2:12 pm 
Отсутен

Регистриран: Септември 4th, 2008, 3:26 pm
Мислења: 37
брат ај прати ми ја преку msn на [email protected]



Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Декември 8th, 2008, 2:16 pm 
Отсутен

Регистриран: Октомври 14th, 2008, 5:41 pm
Мислења: 41
Локација: Скопје
SuperNova_X Напиша:
брат ај прати ми ја преку msn на [email protected]

Епа ај

_________________
Извинете вистината боли а пак ништо не ви значи, ја утнавте патеката на љубовта и доброто и покрај сите знаци, побарајте прошка на крајот Бог ќе ви прости, ништо не добивате ако на добри зборови возвраќате со пцости.


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Aприл 17th, 2009, 1:17 pm 
Отсутен

Регистриран: Октомври 14th, 2008, 5:41 pm
Мислења: 41
Локација: Скопје
Ја гледам иднината ја знам судбината рапот е единствената љубов во мојот живот единствената работа во која што верувам во овој свет на лудило во кој што сум заробен постојат многу пречки на патот по кои идам се е свртено против мене сам во своја битка психички затвор кој тежнее да ме загуши како капка вода во пустина да исчезнам времето е сега или никогаш надоаѓа бура во светот мојата бура никој не е заштитен никој не е безбеден утре можеби ќе ја нема зората но ДЕНЕСКА!!!

Прати кое го тоа што го проповедаш верувај ми пробувам
Секој ден со истите срања се разбудувам
Ако и воопшто спијам ноќта тлее заедно со мене
Изгубен во универзумот јас сум сенка што бдее
Секој ден од самрак до мугри со рапот
Религијата во животот на човекот Накот
Ги барам знаците кои што ќе ми ја претскажат иднината
Начинот на кој што ќе ја исполнам судбината
Која што ме влече кон моите дела како магнет
Човек што премногу знае за овој свет
Полудувам кога знаењето е затворено во мозокот
Експлодира како бомба кога го нема правецот
Јас го најдов но добив само празни огледала
Купишта лажни насмевки и гневни погледи
Јас го живеам рапот а вие зборовите се бесцелни
Крајот ќе покаже кој ќе останат последни

Реф Поминало што било што биде нека биде
Го живеам животот од денес за утре 4

Седам покрај празната флаша вино сеуште размислувам
Дали всушност сонувам или полека умирам
Маглата ги шири вибрациите во ноќта угушена
Допираат до мене звуци на музика пригушена
Според нечија дефиниција јас сум изгубен идеал
Проколнат клошар на празнината господар
Јас имам пред себе збор можам со него да се соочам
Не се плашам од мракот што ме обзема кога заспивам
Слушнете го тоа што го зборите потоа приговарајте
Ве молам вашите филмови не ми ги продавајте
Исус ги знае вашите маски Накот ги знае вашите лица
Јас за разлика од вас сум израснал на улица
Дефиниција за хард кор не е тоа што вие го мислите
Хард кор е животот на свој начин да го живеете
Според своја вистина вие живеете во свет на бајки
Свет на илузии полн со соништа празни

Реф Поминало што било што биде нека биде
Го живеам животот од денес за утре 4

Со пусто чувство во стомакот пробувам да разберам
Начинот и динамиката како да ја протолкувам психата
Ја знам суштината работата која што ме раздвижува
Дали и до својата цел воопшто се доближувам
Или тапкам во место изгубен вртејќи се во круг
Врескам притоа не испуштајќи ни еден звук
Не ми е гајле што ќе биде утре денес живеам
Немам ништо веќе што да докажам и изгубам
Времето допрва доаѓа на смртта ангелот
Микрофонот го подигнувам од олтарот
Живеам од ден на ден но кога мислата ќе ја замрзнам
Во еден миг од вечноста тогаш ќе дознаам
Дали понатака има или патот завршува запира
Клопчето константно се одмотува
Сагата продолжува приказната на Накотот се толкува
Ја слушате додека денот во крвта умира

Реф Поминало што било што биде нека биде
Го живеам животот од денес за утре 4

Реф Поминало што било што биде нека биде
Го живеам животот од денес за утре 4

_________________
Извинете вистината боли а пак ништо не ви значи, ја утнавте патеката на љубовта и доброто и покрај сите знаци, побарајте прошка на крајот Бог ќе ви прости, ништо не добивате ако на добри зборови возвраќате со пцости.


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Aприл 17th, 2009, 1:23 pm 
Отсутен

Регистриран: Октомври 14th, 2008, 5:41 pm
Мислења: 41
Локација: Скопје
Тие живеат, ние спиеме 8

Стани еден од нас помеѓу луѓето
Моќта на светот се содржи во знаењето
Информациски владееме во сага космосот
Свесно влегуваме во умот на човекот
Правиме да сакаш да признаеш доминација
Глобализација една идеја и една нација
Започна од фантазија до отворени прозорци
Задолжително инсталирани во сите компјутери
Правиме да паѓаат влади да се раѓаат држави
Бараш од нас совети ќе ти дадеме милиони
Не не сакаш за непријатели премногу сме моќни
Милијарда умови како еден поврзани
Светот е наша острига Земјата наша планета
На која егзистираат два паралелни света
Се може да се смени се да се купи со пари
Во сите полиња функционираат наши агенти
Компетентни анархизмот да го направат капитализам
Да стават наша идеологија во секој ритам
Медиумска војна против вашата држава
Од херои правиме копилиња

Тие живеат, ние спиеме 6

Кој на која страна игра кога ве имаме на дланка
Не е важно зашто профитот е во секоја војна
Раздели па владеј залудно немате каде
Наши пиони од јадрото на системот вршат грабеж
Ќе станете среќни да бидете потчинети
Од добар окупатор сте поробени
Умослободни нема шанси не мислиш
Да имаш мисли нема зло за зло не може да правиш
Ти можеби ќе бидеш делумно свесен
Но после тебе генерација ќе бидат наши чеда
Зависни од нашите игри среќни од нашиот свет
Успешно извршен експеримент
Не си човек зошто немаш емоции реакции
Сите сте преобразени еволуирани
Бар-кодови на теме притиснати комуникатори
За да во секој момент бидете лоцирани
Од својот хабитат четири сиви ѕидови
Константно набљудувани од очи на монитори
Не биди без врска започни комуникација
Те повикуваат тие живеат

Тие живеат, ние спиеме 10

_________________
Извинете вистината боли а пак ништо не ви значи, ја утнавте патеката на љубовта и доброто и покрај сите знаци, побарајте прошка на крајот Бог ќе ви прости, ништо не добивате ако на добри зборови возвраќате со пцости.


Кон врв
 Профил  
 
Покажи постара тема:  Сортирај по  
Испрати нова тема Одговори на тема  [ � теми ]  Оди на страна Предходна  1, 2, 3

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: Нема регистрирани членови and 3 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди до:  
Copyright © 2004-2023 Македонски Рап