HC girl=] Напиша:
Гледам ви се здосади сами фс да маате,
почнавте меѓусебно да се заебаате,
па викам ако може јас да ви правам друштво,
од глаа да го избијам досадното чувство
пошто немам што да праам по форуми киснам
се изгубив, не знам каква имав мисла
не можам да се сетам, мозокот ми лета,
почнав да звучам како Вукац - срце во пета
ми се шета, а седам во затворена просторија,
очите од сонцево ми се затворија
одам ја до прозор да спуштам ролетна
мир, и знам - римава послЕдна ми е бедна
да не продужам глупости ко секој ден да тропам
ќе ставам крај на оваа многу кратка строфа...

не е точно дека ни било здосадено
може така си помислила оти почнавме да звучиме заладено
ама со "срце во пета" работава се згусна
од смеење пења почна да ми испаѓа од уста
излези од затворена просторија
шетај слободна траекторија на македонска територија
чат пат ѕирни овде кој фристајл крека
само биди НС ко на име, немој да си мека
со МС ренде се напраивме ко ненормални
ама важно на форумов чкрапаме дописници сме стални
и ти мавна арна строфа строго стара школа
сега бегам но ќе кажам не се оставај искажана до пола!
MC Напиша:
Враќам на слободниов стил, веднаш штом го видов
Не спомнувај вук(ац), ко да го спомнуваш ѕидов
Срце во пета, не го знам лично - каква штета
таквите ко него се лесен плен, лесна мета.
Welcome to the club, girl, пристигна трета
со Ќуринов сме во сончев систем, ти си само планета.
Не се секирај, можеш лесно да се приклучиш
се што треба да направиш е да не се исклучиш.
Кога веќе сме кај Ќуринов, нешто да разјасниме
ја сфатив целта на фристајлот, пред тебе брат, касниш бе.
Празниш пет кригли со фс-во, а јас осум
го усисувам Скопсково ко правосмукалка, ко смок сум.
Доста сам се фалам, сега вас ви давам предност
пазете на моето его, е од голема вредност!
абе брат не само зборуј за ѕидовите, туку мавај ги и руши
оти знаеш како викаат - и ѕидот има уши
ни срце во пета ни пета во срце ни нокт во жила
вукац рапер нема да го направи ни самовила
инаку Крашот беше трет - девојчето пристигна четврто
сега сме кватро строго андерграунд како кртот
брат ако каснам оти ми дозволи да ти објаснувам?
те молам друг пат кажи порано дека закаснувам
туку батали какви кригли дозата ми е во буриња
и кога празнам бешика не ми стасуваат ни 10 куриња
и треба да престанеш сам да се фалиш
веќе те замислувам и како пред тастатура сам се галиш
не ми треба предност, поштено си чекам ред
да рокам сега фристајл оти падна секира в мед!
аааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааа
почит
мир!