Bubooo Напиша:
Еве и јас се уклучувам во фристајлот
Но не сум убав како кристалот,
MC е добар, а c - sativa гробар
Сите што слушаат андеграунд рап
Мора да имаат камјон ФАП,
ФС на таст е супер
а музиката ја слушам на буфер,
Толку од мене
сега нека продолжи Фене:)
Поздрав Бубо, добредојде на нашиов топик
ако нејкеш тропик, земи си Heineken - поттик!
C-sativa не е гробар, напротив - типот кине
Ќуринов се презива, али не му знам име.
Заеднички пројден период, на форум минат,
пријателски добацки, брат, терање инат.
Ако не си скинат, ти препорачувам-не почнувај,
дечко никој не те брза, невиност сочувај!
Пошто кога ќе ја изгубиш ти се мења чинот
мислиш си CroCop, Ране, Scarface (Ал Пачино)!
А си бил дете фино, си пиел стрикно чоколино
сега мешаш ко луд црвено и бело вино!
Фурање gangsta филм, фриз-кец, златен ланец
црна цвикера на Trance, а, да, и ранец!
У маало глумиш странец, а мочко си, ти текнува?
Име у родена населба брат тешко се стекнува!
